Белград ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите

Завршниот турнир од Лигата на шампионите ќе се игра во главниот град на Србија, Белград од 26 до 28 април.

Престолнината на нашиот северен сосед во 2018 и 2022 година беше домаќин на Ф4 од Евролигата, па ова ќе биде уште еден кошаркарски спектакл што ќе се одржи таму. Информацијата дека завршницата ќе се игра во Белград е изненадување дури и за српските љубители на кошарката бидејќи немаше најави дека тој е во конкуренција за организација на турнирот.

Четирите екипи кои ќе учествуваат на Ф4 ќе се знаат кон средината на идниот месец, по четвртфиналните дуели за кои ждрепката беше одржана денеска.