Басконија го изненади Реал, Панатинаикос сигурен против Милано

Басконија успеа да го изненади Реал Мадрид на домашен терен, откако победи со 86-76, па така ги отпиша „кралевите“ од борбата за врвот на табелата во Евролигата.

Басконија во првата четвртина водеше жестока битка со Реал, а во еден момент имаше и предност од +10 (19-9), но на крајот заминаа со водство од 22-18. Во втората четвртина „кралевите“ се обидоа да се врата во игра, но успеаа да намалат само на три поени негатива (36-39).

Во второто полувреме, Басконија повторно играше одлично, па стигна и до +12 (50-38), но Реал веднаш го врати ударот и намали на 49-55. Сепак, Басконија во последната четвртина замина со предност од 64-53.

Таму повторно се водеше голема битка, но на крајот домаќините славеа со убедливи 86-76.

Во останатите натпревари, Жалгирис славеше со високи 94-67 против Дарушафака, а Панатинаикос го победи Милано со 95-83.