Барселона го доби дербито со Панатинаикос, четврти пораз по ред за Милано

Вечерва беа одиграни четири натпревари во Евролигата, а во дербито на ноќта Барселона славеше против Панатинаикос со 98-86.

Каталонците добро го отворија мечот и по првата четвртина имаа водство од 28-23, кое на полувреме порасна на 55-47.

Во вториот дел Панатинаикос одигра за нијанса подобро и намали на 71-65, но потоа Барселона дополнително го притисна ривалот и на крајот славеше со 98-86.

Најдобар во победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 23 поени.

На останатите натпревари Валенсија го совлада Жалгирис со 86-82, Баерн славеше против Зенит 77-69, а Милано ја продолжи кризата со поразот од Лион со 82-89.