Американски кошаркар остана без договор зашто одби да се вакцинира!

Американскиот кошаркар Трејвис Трајс требаше следната сезона да игра во Австралија, но неговиот клуб реши да му го раскине договорот затоа што тој не е вакциниран против ковид-19.

Одлуката за поништување на договорот стапува на сила веднаш и кошаркарот ќе мора да си ја бара среќата на друго место.

„За жал, нема да играм следната година во Австралија. Одлуката е донесена во интерес за двете страни и му посакувам само најдобро на тимот во следната сезона“, вели Трајс.