Во Чаир екипите се најавуваа(т) само на албански, КФМ им изрече – опомена!

Екипата на Чаир 2030 освен што реди победи на прволигашка сцена, речиси редовно се наоѓа и меѓу казнетите екипи во Билтенот на КФМ и тоа поради работи кои немаат врска со спортот, а кои лесно може да се впишат во категоријата – национализам.

Откако на стартот од сезоната беа опоменати поради немање македонско знаме во салата, тие по мечот против Кожув (88-84) се соочуваат со идентична „санкција“ од КФМ поради не користење македонски јазик при претставувањето на екипите. Имињата на кошаркарите и на службените лица, како и основните податоци за средбата била кажани само на албански јазик, што, секако, е спротивно на актите на КФМ. Поради ова, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, постапи според Пропозициите за натпреварување.

„Се опоменува екипата на КК Чаир 2030 за официјално претстасување на екипите и службените лица да го користи службениот македониски јазик, согласно член 30.1“, се вели во одлуката на Милојевиќ.

И покрај избегнувањето посериозна одговорност за овој непопуларен потег, барем засега, управата на Чаир 2030, сепак, ќе мора да плати 24.000 денари за фрлање тврди предмети како и 3.000 денари за неисправни технички уреди во салата. Казна од 16.000 денари доби и второлигашот МЗТ Скопје УНИ Банка и тоа поради „истакнување транспаренти со навредлива содржина“ упатени кон претседателот на КФМ, Перо Антиќ.