ТФТ без проблеми до победа против Охрид

Екипата на ТФТ се врати на победнички патеки по поразите од МЗТ Скопје, Пелистер и Еуро Никел откако денеска без поголеми проблеми го победи Охрид со 93-75.

Одлучи подоброто прво полувреме во кое поранешниот освојувач на Купот на Македонија одигра максимално ангажирано и на голем одмор замина со високи +21 (54-33). Со таква предност, во вториот дел домаќинот го запре темпото и мирно го приведе натпреварот кон крајот.

Најефикасен кај ТФТ постигна 19 поени, Верц додаде 15, а Николов 13. Лајонс го предводеше Охрид со дабл-дабл од 18 поени и 11 скока.