„Соколите“ ќе летаат над Солун: Вицешампионот договори меч со ПАОК!
Дуелот ќе се одигра задутре (среда) во Солун со почеток во 15 часот по македонско време. Ова ќе биде второ лето по ред една македонска екипа да гостува во арената на ПАОК, откако лани црно-белите од Солун играа против МЗТ Скопје. Карпош Соколи и грчката екипа сега имаат точка на поврзување во Американецот Тадеус Мекфејден, кој лани беше МВП на групната фаза од Лигата на шампионите (ЛШ) на ФИБА во дресот на ПАОК.
„Соколите“ изминатава недела го имаа дебитантскиот настап во ЛШ каде што несреќно беа елиминирани во првото квалификациско коло од естонски Калев, откако прво загубија дома со минус осум, а победија на теренот на противникот само со четири поени разлика.