Скопска лига: Новото кошаркарско првенство ќе стартува „само“ во главниот град!
Со извлекување на натпреварувачките бројчиња беше „договорено“ пет од шесте средби од воведната рунда да се одиграат во македонскиот главен град и тоа без некое посебно атрактивно дерби. Кошаркарите на МЗТ Скопје одбраната на титулата ќе ја почнат на домашен терен против повратникот во елитата Шкупи, додека Работнички ќе го пречека Феникс.
Останатите три скопски средби ќе бидат помеѓу Вардар и Гостивар, ТФТ и МКК Куманово односно помеѓу Чаир 2030 и Кожув, додека честа единствен да игра прволигашка кошарка надвор од престолнината доби Кавадарци, каде што Тиквеш ќе го пречека вицешампионот Пелистер.
Новата сезона ќе почне на 5 октомври.