Вистински рингишпил на емоции беше вечерашниот втор полуфинален меч од Купот на Македонија помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, очекувано поради фактот што победникот беше решен по вистинска драма и дури две продолженија.Вистински рингишпил на емоции беше вечерашниот втор полуфинален меч од Купот на Македонија помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, очекувано поради фактот што победникот беше решен по вистинска драма и дури две продолженија.

И радост и тага и нервоза и среќа можеше да се видат на лицата на сите актери на теренот, бидејќи двете екипи се менуваа во тоа кој е горе, а кој долу во приказната околу победникот. На крајот се радуваа центарци, а немаше да биде незаслужено ако таа емоција на крај ја видовме на лицата на аеродромци.