Работнички го надигра Куманово за трет триумф по ред!

Кошаркарите на Работнички беа подобри од Куманово со 80-72 и ја запишаа третата победа по ред во Првата лига.

Скопскиот тим имаше подобар почеток на натпреварот и го доби првото полувреме со 48-37, по што Куманово покажа знаци на живот и намали на четири поени негатива (62-66), меѓутоа Работнички не дозволи пресврт и триумфира со 80-72.

Најдобар во победничкиот состав беше Кори Мениголт со 17 поени, додека Александар Радукиќ постигна 27 поени за Куманово.

По 20 одиграни кола, Работнички се наоѓа на втората позиција со 33 бодови, додека Куманово е четврти со 32 поени.