Пелистер постхумно го одликува Буштур

Четврта година, кошаркарскиот Куп на Македонија го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“, а првпат ова натпреварување се игра надвор од Скопје.

Организатор е Кошаркарскиот клуб Пелистер кој не го заборави патронот на Купот и денеска ѝ оддаде специјално признание на нашата легенда.

Одликувањето го додели претставникот на Пелистер, Виктор Димовски и тоа на синот на Буштур, Борјан Георгиевски.