Пелистер ангажира нов тренер со искуство од НБА-лигата

Македонскиот тим Пелистер го ангажира искусниот српски тренер Ненад Трајковиќ до крајот на натпреварувачката сезона, откако претходно од екипата се повлече Александар Петровиќ.

Трајковиќ ја почна кариерата како асистент во Партизан, а потоа бил и шеф на стручен на клубот од 1999 до 2001 година.

Србинот работел и како помошен тренер во Реал Мадрид, селектор на младинската селекција на Југославија, но и една сезона во НБА-лигата како дел од стручниот штаб на Кливленд кавалирс.

Трајковиќ ја предводеше и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а последен ангажман во кариерата му беше во тимот на Студентски Центар.

Дебито за искусниот српски стратег е закажано за сабота кога Пелистер ќе се соочи против Гостивар.