Навивачите на МЗТ први влегоа во „Градски парк“ - им оставија поздрав на ривалите од ЦПБ (ФОТО)

Поранешниот шампион на Македонија, Работнички се подготвува да се врати во својот дом во Градски парк по пауза од пет години, бидејќи реновирањето на салата од пред неколку дена е во завршна фаза.

Фановите на гигантот со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледа објектот, но во него вчера дошле неочекувани гости. Незабележани од никого влегле навивачи на МЗТ Скопје кои им оставиле порака на Сити Парк Бојс, како најава за новите големи пресмети во легендарната сала која била сведок на десетици пресметки на најтрофејните македонски клубови.

Планирано е салата да бида отворена кон средината на декември и тоа токму на дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје.