Тудор: Не се плашам од отказ!

Во пресрет на гостувањето кај Лацио, тренерот на Јувентус, Игор Тудор се соочува со голем притисок по низата од седум натпревари без победа.

Јувентус е во резултатска криза, а често се шпекулира дека Игор Тудор би можел да биде отпуштен од работа.

Можеби мечот со Лацио да биде и клучен за неговата иднина, но тој не стравува.

„Страв од отказ? Искрено, уживам во работата и покрај потешкотиите, работите ми се многу јасни и тоа ми дава сила која во други моменти не би ја имал. Тимот е мотивиран и сака утре да одигра добар натпревар“, рече Тудор.

Мечот меѓу Лацио и Јувентус се игра утре (недела) во вечерниот термин од 20:45.