Алонсо одговори на прашањето за провокацијата од Јамал
Тој неодамна во емисија изјави дека „Реал Мадрид и краде, и се жали“, алудирајќи дека кралскиот клуб има помош од судиите, но постојано се жали на нивната арбитража.
Ваквата негова изјава го раздрма таборот на Реал Мадрид во пресрет на Ел Класико.
Денеска тренерот на Реал, Чаби Алонсо на прес-конференција беше запрашан што мисли за изјавата на Јамал.
„Зборовите на Ламин? Тоа што е важно е она што се случува на теренот. Тоа е тоа“, рече Алонсо и одби да навлегува во детали.
„Ламине го прави Класико поинтензивно со своите зборови? Класико ќе биде многу интензивно во секој случај. Играчите се подготвени за тоа“.
„Многу изјави има од таборот на Барселона, не можам да ги коментирам сите“.