Се знае кој ќе го води Ел Класико - судијата кој лани ја уништи Барса на „Бернабе“

На ден пред натпреварот, како што е правилото во Ла Лига од оваа сезона, одреден е судијата што ќе го води првото Ел Класико.

Довербата ја доби Цесар Сото Градо, судија кој не им е по мерак на „каталонците“ иако со него ја обезбедија клучната победа минатата сезона, против Еспањол која им ја донесе шампионската титула во Ла Лига. Барселона со Сото Градо играла 14 натпревари и има само шест победи, потоа пет порази и три нерешени резултати.

Овој судија водел само едно Ел Класико, играно на 21 април 2024 година и тогаш тотално ја уништи Барселона. Освен тоа што му поништи гол на Јамал и досуди сомнителен пенал кој во гол го претвори Винисиус, Сото Градо и неговите помошници не му признаа уште еден гол на Јамал, во 67. минута од тој меч. На крајот Реал победи со 3-2 и со оглед на тоа што до крајот на сезоната остануваа уште неколку кола, фактички си ја обезбеди титулата во Ла Лига.