Жирона беше пред сензационален пресврт, но Овиедо во 97. минута обезбеди бод!
Овиедо имаше предност од 38. минута со голот на Винас, а набрзо погоди и Рондон за водство од 2-0. Жирона почна да се буди и со погодоци на Стуани и Унахи направи целосен пресврт (3-2) до истекот на регуларните 90 минути.
Гостите не се предадоа и потоа во седмата минута од судиското надополнување успеаја преку Кармо да ги постават конечните 3-3.
Фото: Girona FC