Брегалница лесно се справи со Големо Коњари, минимална победа за Шкендија над Осогово
Водечкото дуо во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), дојде до нови три бода иако и двете екипи не го направија тоа убедливо.
Штипскиот состав славеше гостински триумф од 2-0 кај Големо Коњари, а Шкендија Арачиново со 1-0 беше подобра од Осогово, погодокот го постигнаа уште на почетокот од натпреварот.
Двете екипи се со по 23 бода на табелата, осамени на врвот.
Победа дојде до големи три бода совладувајќи ја Беласица среде Струмица со 2-1.
Најубедлив беше Охрид кој со 6-1 славеше над Каменица Саса, Кожуф со 2-0 ја победи Слога во Виница.
Скопје со гол во самиот финиш го победи Новаци со 1-0, Преспа со 3-1 беше подобра од Тетекс, а со истиот резултат Детонит славеше над Вардар Неготино.
Резултати 9. коло ВМФЛ:
Беласица - Победа 1-2
Детонит - Вардар (Н) 3-1
Скопје - Новаци 1-0
Големо Коњари - Брегалница 0-2
Охрид - Каменица Саса 6-1
Преспа - Тетекс 3-1
Шкендија (А) - Осогово 1-0
Слога Виница - Кожуф 0-2