Меси го тероризира Нешвил оваа сезона, на три меча му даде - седум гола
На последните 14 натпревари, тој постигна дури 25 гола, а интересно е тоа што најмногу од него страда тимот на Нешвил кој синоќа се сретна со Интер Мајами, во првиот меч од плејофот во МЛС. Екипата од Флорида славеше со 3-1 со тоа што два од трите гола беа дело на аргентинскиот ас.
Интер Мајами играше со Нешвил и минатата недела, во последното коло од основниот дел на МЛС и славеше со 5-2, а Меси постигна хет-трик. На трите меѓусебни дуели со оваа екипа, поранешната суперѕвезда на Барселона постигна дури седум гола од вкупно 12 на неговиот тим (3-1, 5-2 и 4-0). Да биде уште поинтересно, следува уште еден натпревар меѓу Интер Мајами и Нешвил, реваншот од плејофот кој се игра на 2 ноември.