
МЗТ загуби во првиот контролен дуел – во финишот падна против Арис!
Македонскиот шампион одигра добро прво полувреме, кое на крајот го доби најмногу поради одличната игра во вториот период (25-13), но падна во последниот период, кој домашниот состав го доби со 26-9. Бојан Крстевски со 12 поени беше најефикасен во сино-белата чета, Седрик Расел постигна 10 поени, Дамјан Робев беше стрелец на девет поени, Ијасу Ворку реализира седум, а Андреј Андоноски и Марко Баковиќ уфрлија по шест поени.
МЗТ низата пријателски дуели ја продолжува в петок, кога ќе го пречека косовскиот тим Пеја.