МЗТ Скопје се засили со поранешен голем талент на Партизан!

Екипата на МЗТ Скопје полека, но сигурно го комплетира ростерот за новата сезона, откако денеска го потврди ангажманот на српскиот интернационалец роден во БиХ, Милош Копривица (29 год, 208 см).

Станува збор за искусен центар, кој своевремено беше голем талент на Партизан, каде што мина две сезони, а во ист период потоа настапуваше и во дресот на Мега баскет. Тој освен што настапуваше за овие два клуба во јадранската елита, добро ги знае приликите и во АБА2-лигата, со оглед што во неа играше како член на Ловќен, Подгорица и Сутјеска. Копривица минатата сезона ја мина во унгарскиот тим Капошвар од каде што направи трансфер во Аеродром.

Србинот од второ засилување за „металците“ летово, по Американецот Брандон Слај, додека нови договори потпишаа хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ и браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Под договор со актуелниот шампион се уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.