
Куманово со подобра игра во второто полувреме славеше над Шкупи
Шкупи се држеше во првото полувреме, а одличен беше Сила кој натпреварот на крајот го заврши со дабл-дабл од 25 поени, 17 скокови и две асистенции.
Сепак со подобрата игра во одбраната Куманово во третиот период направија серија од 12-0 со која го реши натпреварот.
Во редовите на Куманово најдобар беше Тадиоќ со 17 поени. Куманово сега е трет со скор од 12-7, но со натпревар повеќе од Пелистер, Шкупи од друга страна е претпоследен со 6 победи и 12 порази.