
Гостивар отпушти еден и веднаш си најде – нов Американец!
Но, тоа не значи намалување на бројот странци во овој тим, со оглед што веднаш беше ангажиран неговиот сонародник, Шејн Гетлинг (24 год, 188 см), кој исто игра на бековската позиција. За него ова ќе биде втор европски ангажман во дебитантската професионална сезона, откако до скоро играше за босанскиот тим Промо, каде што на 19 средби просечно реализираше 19,3 поени, 3,6 скока и 4,2 асистенции.
Неговото деби се очекува уште в сабота, кога Гостивар го пречекува лидерот на табелата, тимот на Пелистер.