МЗТ Скопје беше подобар денеска од големиот ривал од Гевгелија, поточно екипата на Блокотехна, која ја совлада на домашен терен со 86-76 и запиша нови бодови во Суперлигата.

Аеродромци одиграа за нијанса подобро од својот противник до половина на првата четвртина (10-8), кога Гевгеличани направија пресврт (13-10), а до крајот зголемија и на 23-18.

Во втората четвртина МЗТ го крена нивото на својата игра, па со серија од 12-0 направи пресврт за предност од 30-23. Во продолжението се водеше голема борба меѓу двете екипи, а на полувреме Аеродромци заминаа со предност од 43-40.

Гевгеличани на стартот на второто полувреме успеаа да израмнат на 46-46, по што почна доминацијата на домаќините, кои до крајот на третата четвртина зголемија на +10 (64-54).

Во последната четвртина Блокотехна се обиде да направи нешто повеќе, но успеа да намали само на осум поени негатива (61-69), по што следуваше посигурна игра на Аеродромци, кои ги поставија конечните 86-76.

Најдобар во редовите на МЗТ беше Соколов со 19 постигнати поени, додека најефикасен кај Блокотехна беше Младеновиќ со 20 поени.