Еуро Никел ќе атакува на трофеите со играч од Бахами

На четири дена пред завршниот турнир од Купот на Македонија, Еуро Никел ја засили линијата под кошевите.

Шакило Фриц, играч кој во Македонија доаѓа од Динамо Букурешт е новото странско засилување за кавадарчани кои со ова ја исполнија квотата од четворица странци во своите редови. Фриц има 29 години, висок е 203 сантиметри, а пред Романија, играл во Шпанија и Португалија.

Како играч на Динамо Букурешт, просечно постигнувал по 4,2 поена и 2,4 скока за 13 минути во игра.