Еден од најголемите македонски таленти потпиша за ТФТ (ФОТО)

ТФТ Скопје потврди уште едно засилување за следната сезона, а тоа е еден од најталентираните млади македонски кошаркари Ѓорѓи Цветковски.

Цветковски на Европското првенство (ЕП) до 18 години постигнуваше по 17,3 поени во просек, со неверојатни 45 отсто реализација за три поени и се најде како втор најдобар стрелец на првенството.

„Со потписот на Цветковски, ТФТ практично го обединува бековскиот тандем на македонската репрезентација до 18 години, дополнително потврдувајќи ја својата стратегија – инвестиција во младите, развој на македонските таленти и градење на иднината на клубот“, соопштија од ТФТ.