Чаир реагираше на одлуката на КФМ: Го очекуваме МЗТ со раширени раце - следуваат изненадувања

Кошаркарскиот клуб Чаир се јави со реакција на казната што попладнево ја одреди Кошаркарската федерација на Македонија, во врска со прекинот на вчерашниот натпревар против МЗТ Скопје.

Иако чаирчани сметаат дека одлуката е спорна, го очекуваат шампионот утре на доигрување на мечот и се сигурни во своја победа.

Сепак, во исто време, од клубот најавуваат дека ова не е крај и дека во текот на денешниот ден ќе има изненадување.