Чаир по голема драма го победи Еуро Никел

Кошаркарите на Чаир триумфираа на гостувањето кај Еуро Никел во Кавадарци со 94-93 во 21. коло од македонската Прва лига.

Двете екипи одиграа израмнето прво полувреме, а на паузата со предност од еден поен (38-37) замина Чаир.

Чаир во вториот дел стигна и до предност од осум поени, но Еуро Никел успеа да се врати и да избори продолженија, каде што подобар беше скопскиот тим.

Галовеј со 30 поени беше најефикасен кај Чаир, додека Дубински постигна 28 поени за Еуро Никел.