Борбата за титулата почнува в петок, први на терен излегуваат МЗТ и Гостивар

Актуелниот шампион на Македонија и осмопласираниот тим по основниот дел од сезоната Гостивар ќе го отворат плејофот од домашното првенство.

Нивниот прв меч е закажан за петок (5 април) од 19 часот, а аеродромци добија поштеда и нема да играат со забрзано темпо поради нивниот настап во четвртфиналето од АБА 2 лигата. На 10 април, МЗТ Скопје го очекува првиот дуел против Широки, па натпреварите со Гостивар ќе продолжат само за време на викендите. Дуелите од останатите двојки во македонскиот плејоф ќе се играат на три дена.

Во зависност од резултатите на првите три дуели од серијата, како и од исходот од двомечот меѓу МЗТ и Широки, дополнително ќе се прави распоредот на натпреварите. Ако македонскиот првак влезе во четвртфиналето, против Спартак или Хелиос ќе игра на 24 април и 1 мај и тоа дополнително ќе го пролонгира плејофот во домашното првенство.

Другите натпревари од првата рунда во разигрувањето за титулата се закажани за сабота, а домаќини се Работнички, Пелистер и Чаир. Оваа сезона, четвртфиналето се игра во три добиени натпревари, по системот 2-2-1.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
05.04.2024 МЗТ Скопје - Гостивар 19:00
06.04.2024 Работнички - Феникс 18:00
06.04.2024 Пелистер - Еуро Никел 19:00
06.04.2024 Чаир - ТФТ 21:00