Атанасов: Штом сме воделе 35 минути против Работнички значи дека сме играле добро!

Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов утре ќе има можност да ги обедини трите круни во домашната кошарка.

Откако минатата сезона ја освои титулата, а на почетокот на оваа триумфираше во Суперкупот, сега ќе атакува и на пехарот во Купот на Македонија. Атанасов е задоволен од играта на неговиот тим и залагањето на кошаркарите на денешниот меч.

„Пред се, сакам да истакнам дека многу ми е жал што ова дерби се играше пред празни трибини. Претходните четири меча на овие две екипи беа атрактивни токму поради гледачите и сметам дека со нив, овој спектакл ќе беше потполн.

Што се однесува до нашата игра, ако се знае дека сме биле во водствпо 35 минути против нашиот најголем ривал, тоа значи дека сме играле добро. Без разлика на тоа, го забораваме овој натпревар и се насочуваме кон утрешното финале“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.