Трета победа по ред: Маркез триумфираше во Ле Ман!

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез е победник на трката за Големата награда на Франција во Ле Ман. Првпат од 2014. година Шпанецот стигна до три победи по ред во шампионатот, а во Франција дојде до 64. триумф во кариерата.

Шпанецот до победата стигна со интересни борби за останатите позиции, но имаше и голем број на откажувања на возачи.

Многу добар старт имаше Хорхе Лоренцо, кој во првиот круг беше прв, а Жоан Зарко го изгуби местото на стартот, но со неверојатно возење се врати на врвот, зад Лоренцо, а пред Андреа Довициозо.

Андреа Јаноне ја заврши трката во првиот круг, откако поради своја грешка се лизна од патеката. По два круга од трката испадна Алваро Баутиста, а Зарко се обиде да го нападне Лоренцо, но Довициозо го премина и го следеше Лоренцо на 24 круга до крајот.

Маркез на првата позиција се искаќи на 18 круга пред крајот, откако го искористи просторот за преминувања кој го забележа и го презема водството.

На второто место заврши Данило Петручи додека на третата позиција беше Валентино Роси. Четвртото место му припадна на Џек Милер, а следуваше Дани Педроса на петтата позиција, пред Лоренцо.