Стефановски не успеа да ја заврши втората трка во Монца

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе немаше среќа на втората трка во Италија во ТЦР-шампионатот.

Македонскиот возач успеа да мине само пет круга на патеката во Монца, при што го оштети неговото возило и мораше да ја прекине борбата со неговите ривали.

Стефановски и вчера имаше инцидент на патеката Монца, каде што ја испушти борбата за подиум и на крајот заврши на 14. позиција.