Скандал во Ф1: Ред Бул се жали дека им го „клонирале“ болидот

Формула 1 оваа сезона е повозбудлива од претходните години, но се појави и првиот скандал, па така пред трката за Големата награда на Шпанија во центар на внимание се тимовите на Ред Бул и Астон Мартин.

Астон Мартин ја претстави новата верзија на својот болид, кој потсетува на болидот на Ред Бул „РБ18“, па тоа беше доволно за ФИА да почне истрага, а се јави и првиот човек на тимот, Кристијан Хорнер.

„Ова не е случајност, затоа што повеќе од техничкиот персонал од нашиот тим се пресели во Астон Мартин. Ние не може да ги запреме луѓето да изнесат податоци од нашата компанија, но не е фер и не е прифатливо“, кажа Хорнер.

Астон Мартин во 2020 година беше критикуван и поради идентичниот болид на Мерцедес кој се возеше една година претходно.