Роналдо купи Бугати од 10 милиони евра – има само десет вакви ѕверови во светот!

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го купил најновиот модел на Бугати, за кој платил 10 милиони евра и станува збор за серија на брзи и луксузни автомобили од која има само десет вакви примероци, објави „Билд“.

Уште лани се појавија информации дека Роналдо, кој е голем заљубеник во автомобилите и е голем колекционер на скапи автомобили, па има над 20-на во својата гаража, веќе резервирал еден од десетте Бугати Сентодиечи, а сега и дефинитивно Португалецот ќе го има во своја сопственост овој ѕвер, кој патем е неверојатно скап.

Сопоред информациите, самото тоа што има десет вакви автомобили, Роналдо направил одличен бизнис, зашто вредноста на овој автомобил ќе биде поголема поради тоа што го нема во класична продажба. Инаку станува збор за автомобил кој стотка развива за 2,4 секунди, има 1.800 коњски сили и максималната брзина што може да ја достигне е 425 километри на час.

Инаку Роналдо годинава веќе купи едно Бентли, Флаинг Спар за 250.000 фунти со кое доаѓа на тренинзи после враќањето во Манчестер јунајтед, а инаку во својата колекција има Ферари Ф430, Ламборџини Авентадор, две Бугарија, Мекларен Сена, два Ролс Ројса, Порше 911, Коенигсег ЦЦХ, Бентли Континентал Џи-ТИ Спид, Рејнџ Ровер Спорт СВР, Масерати ГранКабрио, како и неколку верзии на Ауди и Мерцедес.

Инаку јавноста сѐ уште шпекулира дека Роналдо е сопственик и на најскапиот автомобил Бугати Ла Воитур Ноир.

Роналдо е еден од малкумината спортисти во историјата кој во фудбалската кариера од заработка, плати, бонуси, спонзорски договори мина една милијарда евра, а годишно неговите приходи надминуваат 100 милиони евра.