Ред Бул по само две трки ќе менува возач!?

Екипата на Ред Бул сериозно ја разгледува опцијата да го „избрка“ Лијам Лосон и на негово место да го постави Јуки Цунода за трката за Големата награда на Јапонија.

„Скај Спортс Њуз“ објави дека Лосон не ги задоволил барањата на раководството на Ред Бул и притоа имаше лош почеток на сезоната.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко за новинарите кажа дека сè уште не е донесена конечна одлука, но е закажан состанок во тимот.