Откриена здравствената состојба на Грожан по ужасната експлозија! (ВИДЕО)

Возачот на Хас, Ромејн Грожан имаше ужасен судир со ѕидот на стартот на трката за Големата награда на Бахреин, при што неговиот болид експлодираше.

За среќа, Грожан го преживеа судирот, иако изгледаше многу страшно ситуацијата, а сега се јави и неговиот тим при што откри во каква состојба се наоѓа возачот.

„Грожан има минимални изгореници на рацете и глуждовите по ужасниот судир, но тој е во добра состојба. Во моментов тој е со докторите“, напишаа од Хас.