Ништо ново во Ф1: Ферстапен издоминира на спринтот во Кина

Утрово во Шангај беше одржан спринтот пред трката за Големата награда на Кина, а повторно најбрз на патеката беше Макс Ферстапен од Ред Бул.

Ферстапен имаше незгоден старт и жестоки напади од страна на Карлос Саинц кои ги преживеа, а потоа додаде гас и ја премина конкуренцијата пред себе.

Трикратниот светски шампион заврши на првото место, а зад себе го остави Луис Хамилтон од Мерцедес и Серхио Перез од Ред Бул.