Морбидели освои пол-позиција во Валенсија, незгоден пад на Маркез (ВИДЕО)

Возачот на Петронас Јамаха, Франко Морбидели ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Валенсија, која е претпоследна во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот дојде до втората пол-позиција сезонава со време 1.30.191, а во борба за најдобарата позиција беше и Џек Милер од Дукати.

За време на квалификациите не се прослави Алекс Маркез од Репсол Хонда, кој излета од патеката.

Трката во Валенсија се вози утре од 14 часот.