Маркез се израмни со легендарниот Дуан по триумфот во Јапонија

Марк Маркез, кој пред две недели по осми пат стана светски шампион, денеска оствари нова победа и тоа на трката за Големата награда на Јапонија во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Хонда на патеката „Мотеги“ триумфираше пред Фабио Квартаро на Јамаха и мотоциклистот на Дукати, Андреа Довициозо, кој по 100-ти пат во кариерата се искачи на подиумот. За Шпанецот ова беше десетта победа сезонава, а четврта по ред.

Тој воедно стигна и до својата 54-та победа во најсилната класа и се израмни со Мик Дуан на третото место на вечната листа. Лидер и натаму е Валентино Роси со 89 победи, а втор е Џакомо Агистини со 68.

Следната трка се вози за Големата награда на Австралија.