Марк Маркез ја напушти болницата, пред себе има голем предизвик

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ја напушти болницата по успешната операција извршена во Барселона.

Шпанскиот возач беше подложен на операција на десното рамо по тешкиот пад минатиот викенд, на првата Мото ГП трка сезонава. Неговиот нерв не е оштетен како што се пишуваше во медиумите, што значи дека закрепнувањето ќе биде побрзо од очекуваното.

Шпанскиот возач ќе започне да работи на неговото закрепнување во наредните денови, но она што е сигурно е дека се соочува со најголемиот предизвик во неговата кариера.

Лекарите не прецизираа кога возачот на Хонда ќе се врати на патеката. Сигурно е дека тој нема да биде во Херез за Големата награда на Шпанија, што значи дека за неговиот јапонски тим ќе вози неговиот брат Алекс. Тоа значи дека Маркез би можел да се врати во Брно, на 9 август.

Сепак, да се има две „нули“ до неговото презиме по двете воведни трки, а тоа значи дека од сосема поинаква позиција ќе се обиде да ја одбрани титулата оваа сезона.