Манчестер сити нуди 100 милиони евра за Пакета, а нему му се заканува суспензија!
Пакета е под истрага за наводно прекршување на законите за спортско обложување. Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) го обвини дека неколку пати намерно добивал жолти картони на натпреварите.
„Лукас намерно добивал картон од судијата со цел едно или повеќе лица да профитираат од обложување“, објави ФА.
Бразилецот има рок до 3 јуни 2024 година да понуди докази дека не е виновен во случајот.