Јувентус поднесе жалба - не сака да му исплати 9,8 милиони евра на Роналдо!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го доби судскиот спор против Јувентус и клубот требаше да му исплати 9,8 милиони евра, но поранешниот италијански шампион реши да се жали на одлуката на судот.

Роналдо водеше правна битка против „Старата дама“ за околу 19,5 милиони евра, неисплатени плати, но арбитражниот суд пресуди дека клубот треба да му исплати околу половина од парите.

Јувентус не ја прифати одлуката и ангажира адвокати преку кои ќе се обиде да се спаси и да не му го исплати долгот на Португалецот.