Загреб го декласира Нексе, Чупиќ со нов трофеј замина во пензија!
Загреб доминираше во текот на целиот натпревар, односно првото полувреме го доби со 19-8, додека во вторите 30 минути рутински ја потврди победата.
Најефикасни во редовите на шампионот беа Кос и Кларица со по шест голови, додека шест погодоци постигна и Вејин на спротивната страна.
Поранешниот вардарец Чупиќ во второто полувреме беше поздравен од присутните во салата и официјално ја заврши играчката кариера, но ќе остане во стручниот штаб на Загреб.