Спалети ги отпиша Имобиле и Верати за ЕП 2024

Селекторот на Италија, Лучано Спалети го објави поширокиот список за Европското првенство (ЕП) кое се игра оваа година, а на него немаше место за искусните Чиро Имобиле и Марко Верати.

Интересно е тоа што на списокот на Италија се наоѓа Николо Фаџоли, кој повеќе од седум месеци беше надвор од терените поради суспензија.

Италија е во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија.