Ѓоковиќ го растури Грикспор за полуфинале во Женева

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-1 против Талон Грикспор и обезбеди полуфинале на турнирот во Женева.

Ѓоковиќ се најде во непријатна ситуација во првиот сет и спаси дури четири брејк и сет-топки, по што направи брејк на противнички сервис и славеше со 7-5.

Грикспор не можеше да му парира на Србинот во вториот сет и загуби дури три гема на свој сервис за Ѓоковиќ да стигне до 6-1 и пласман во полуфинале.

Ѓоковиќ за пласман во финале ќе се бори в петок против Томас Махак од Чешка.