Леао може да замине во Саудиска Арабија во третиот најскап трансфер на сите времиња

Новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Хилал има намера дополнително да го засили составот за идната сезона.

За таа цел, веќе планира да го донесе во своите редови Рафаел Леао од Милан во трансфер кој ќе биде трет најскап на сите времиња. Станува збор за 175 милиони евра кои Ал Хилал ги подготвил за Португалецот со што ќе ја активира откупната клаузула и воопшто нема потреба да преговара со Милан.

Потребно е само Леао да се согласи на трансфер, а се уште не е познато колку ќе изнесува неговата плата. Ако преминот на португалското крило се оствари, поскапи од него во историјата на фудбалот ќе бидат само Нејмар со 222 милиона и Мбапе со 180 милиони евра.