Хамилтон му поставил ултиматум на Мерцедес

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон кој вчера го достигна легендарниот Аиртон Сена со 98-та победа во кариерата откако триумфираше на патеката Каталуња за ГН на Шпанија, а испиша историја со стотата пол-позиција на гранприто, му поставил ултиматум до лето на својот тим Мерцедес за да се реши неговата иднина за следната сезона.

Хамилтон и Мерцедес потпишаа едногодишен договор за оваа сезона дури во февруари, еден месец пред да почне сезоната, а сега Британецот не сака да чека толку долго за нова соработка, па на германскиот тим му поставил ултиматум „проблемот“ да се реши за време на летната пауза во август.

„Не сакам да брзам, ама не сакам ни предолго да чекам. Порано или подоцна мора да почнам преговори. Најубаво ќе биде ако има некаква разврска или јасна најава за мојата иднина летово“, вели Хамилтон.

Годинешниот договор се одолговлечи после освојувањето на седмата шампионска титула во Формула 1, зашто прво шампионот Хамилтон се зарази со коронавирус, а потоа и тимскиот шеф Тото Волф