Хамилтон ќе стартува прв во САД, Фетел поради казна ќе тргне од петта позиција

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на САД во која ќе има шанси да ја осигура титулата.

Хамилтон беше најбрз во квалификациите во Остин, Тексас, со време 1:32.237, па за да ја обезбеди титулата мора да освои осум бодови повеќе од Себастијан Фетел, кој беше втор во квалификациите, но ќе стартува како петти поради казната која ја доби претходно на тренинг.

Во првиот стартен ред ќе биде вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, а веднаш зад него ќе биде и Валтери Ботас од Мерцедес, додека четврт ќе почне Даниел Рикардо од Ред Бул.