Хамилтон им одговори на Вестапен: Драго ми е што си добро, ама секогаш жестоко ќе се тркам!

Откако Макс Ферстапен заврши со страшно излетување по првиот круг на британското гранпри во заштитната ограда, турнат од Луис Хамилтон, возачот на Ред Бул од болница распали по светскиот првак посочувајќи дека „непочитување и неспортски однос е да слави додека тој е во болница“.

Верстапен, кој сѐ уште е актуелен лидер во генералниот пласман распали по Хамилтон, потенцирајќи дека и казната за Британецот е преблага и не е утеха за никого, а светскиот првак и покрај пеналот од 10 секунди, на крајот победи откако Шарл Леклер го претрка на круг ипол до крајот на „Силверстоун“.

После жестоката реакција на Ферстапен, се јави Хамилтон, кој му посака сѐ најдобро, ама и му порача дека нема да запре со жестокото возење на Ф1-патеките.

„Денеска добивме уште едно потсетување колку овој спорт е опасен. Му посакувам брзо закренување на Макс, кој е неверојатен конкурент. Драго ми е дека е добро, ама јас ќе продолжам да се тркам жестоко, но пред сѐ секогаш фер. Сон е да се победи пред домашната публика“, објави Хамилтон.