Екипа од Ф1 се прекрстува зашто пишувало „Индија“ во името!?

Екипата на Форс Индија во Формула 1 (Ф1) официјално го претстави болидот за новата сезона, кој останува во розова боја, но најави дека до првата трка во Мелбурн, ќе го смени името.

Тестирањата на новиот болид започнаа во понеделникот со развојниот возач Никита Мазепин додека во текот на неделата кормилото ќе го превземат Естебан Окон и Серхио Перез, а потоа и резервниот возач Николас Латифи.

Челниците тврдат дека поврзувањето со името „Индија“ ја ограничува можност за наоѓање на нови спонзори, па истото ќе биде сменето најверојатно пред трката во Австралија.

„Работиме на случајот, уште немаме донесено одлука како ќе биде новото име, но и претходно разговаравме дека ќе дојде до тоа“, вели извршниот директор на екипата, Отмар Шафнауер.